Украина е подготвена да започне контраофанзива со цел да ги врати териториите окупирани од Русија, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју објавено денеска за Волстрит џурнал.
„Силно веруваме дека ќе успееме…Не знам колку време ќе потрае. Ако треба да бидам искрен, тоа може да се направи на различни начини. Ние сме подготвени и ќе го направиме тоа“, посочува Зеленски.
Киев се надева дека со својата контраофанзива ќе ги врати окупираните територии и ќе ја промени динамиката на војната.
Минатиот месец Зеленски рече дека Украина ќе почека додека не добие повеќе оклопни борбени возила од Западот пред да ја започне својата контраофанзива.