Зеленски изрази уверување дека американската и европската поддршка за Украина ќе продолжи

 Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изрази уверување дека американската и европската поддршка за Украина ќе продолжи.

-Вложуваме многу сериозни напори по ова прашање и сигурен сум дека САД нема да не предадат, рече украинскиот лидер на својата годишна прес-конференција во Киев.

Средствата за Украина се одложуваат и во САД и во Европската унија поради политички несогласувања.

Зеленски ги изрази своите очекувања дека Европската унија наскоро ќе одобри пакет помош за Украина во вредност од 50 милијарди евра