Зеленски испрати важен апел до лидерите на ЕУ: „Денес ве молам само едно, не дозволувајте Путин да се смее“ (фото)
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги повика лидерите на Европската унија да ги отворат преговорите за членство на Украина во тој блок и посочи дека резултатот од нивната одлука не смее да резултира со „задоволна насмевка“ од рускиот претседател Владимир Путин.
„Денес ве молам едно – не ги изневерувајте народот и неговата вера во Европа. Денеска е посебен ден и ќе остане во историјата. Без разлика дали е добро или лошо за нас, историјата ќе долови сè. Секој збор, секој чекор , секоја акција и непостапување. Кој за што се борел“, рече Зеленски за време на својот говор на Европскиот самит, на кој учествуваше преку видео врска, пренесува Ројтерс.
Тој посочи дека е многу важно Европа да не биде неодлучна и додаде дека Украина ги исполнила барањата на ЕУ за реформи за да добие одобрение за преговори за членство.
„Пред 10 години во Украина луѓето застанаа под знамињата на Европската унија“, рече Зеленски.
Тој нагласи дека рускиот претседател нема постигнато никакви придобивки оваа година, ниту на бојното поле во Украина, ниту во напорите да ги подели и ослабне Европејците.
„Народот на Европа нема да има никаква корист ако Москва го добие нејзиниот негативен став кон Украина. Путин сигурно ќе го искористи тоа против вас лично и против цела Европа. Не му ја давајте оваа прва и единствена – победа на година“, рече Зеленски.