Познати кандидатите за тренер на годината: Двајца Италијанци ќе му се спротивстават на Гвардиола

Меѓународната фудбалска федерација – ФИФА ги објави кандидатите за селектор на годината, а на списокот има тројца.

Имено, одборот на светската фудбалска организација објави дека за престижната награда ќе бидат избрани тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, селекторот на Италија, Лучијано Спалети, како и тренерот на Интер, Симоне Инзаги.

Признанието се доделува за периодот од 19 декември 2022 година до 20 август годинава.

Пеп Гвардиола има најголеми шанси да победи на изборите за оваа ласкава награда. Шпанскиот стручњак ги освои Лигата на шампионите, Премиер лигата и ФА Купот во сезоната зад нас со Манчестер Сити.

Од друга страна, Инзаги го предводеше Интер до финалето на Лигата на шампионите каде што беше поразен од Сити, додека Спалети ја освои титулата во Серија А – прва за јужниот италијански клуб од 1990 година.

Наградата ќе биде врачена на церемонија на 15 јануари 2024 година во Цирих.