– Украинскиот претседател Володимир Зеленски нареди денеска да се зајакне безбедноста на границата со Белорусија поради пристигнувањето на припадниците на паравоената група Вагнер во таа земја.
„Со одлука на Генералштабот, на врховниот командант (Валери) Залужни и на генералот (Серги) Наев им беше наредено да ја зајакнат границата за да се обезбеди мир“, рече Зеленски во видеото емитувано на Телеграм.
Тој рече дека денеска украински и странски разузнавачки служби, како и граничари, го информирале за ситуацијата во Белорусија.
По неуспешниот бунт во Русија пред една недела, шефот на руската паравоена група Вагнер, Евгениј Пригожин се согласи да замине во егзил во Белорусија благодарение на посредништвото на белорускиот претседател Александар Лукашенко.