ВИДЕО | ХОРОР НА АЕРОДРОМ – Ужас во главниот град на Молдавија: Маж убил две лица, а протече драматична снимка од трагедијата – погледнете!

Странски државјанин застрелал и убил две лица во петокот на главниот меѓународен аеродром во Молдавија, откако му бил забранет влез во земјата, соопштија полицијата и Министерството за внатрешни работи на оваа држава, а јавуваат странските медиумски агенции.

Полицијата привела маж по инцидентот на меѓународниот аеродром во Кишињев, најголемиот во земјата.

Во овој момент опасноста е отстранета. Напаѓачот е ранет и му е укажана докторска помош“, соопшти полицијата во објава на социјалната мрежа Фејсбук.

Летовите биле одложени, но полицијата соопшти дека тие ќе продолжат наскоро.

Полициски извор изјавиле дека напаѓачот долетал од Турција и дека употребил огнено оружје против граничната полиција.

Молдавскиот веб-портал Newsmaker цитираше неименувани официјални лица кои велат дека мажот го зел пиштолот од граничарите откако бил однесен во забранетата зона.

Newsmaker објави дека напаѓачот потоа отворил оган.

Молдавија, која се стекна со независност од Советскиот Сојуз во 1991 година, има 2,6 милиони жители и се обидува да стане членка на Европската унија. Се наоѓа помеѓу Романија и Украина.