Зеленски: Офанзивата против Русија напредува „тешко“ и „бавно“

 Украинскиот претседател Владимир Зеленски извести дека офанзивата на неговата земја против Русија напредува „тешко“ и „бавно“, пренесува Анадолу.

Зеленски даде изјави за актуелните теми во интервјуто што го даде за латиноамериканските медиумски организации.

Истакнувајќи дека украинската војска веќе од претходно започнала со контранапад против руските воени сили, Зеленски рече: „Нападот е тежок и веројатно напредува побавно отколку што некој би сакал.“

Наведувајќи дека оружјето во нивните раце е недоволно и дека затоа борбата е „многу тешка“, Зеленски нагласи дека Русија треба да ја напушти територијата на Украина.

„Украина не планира да ја продолжи војната на руска територија. Никогаш не сме имале таква цел. Ќе ја спасиме сопствената земја од окупацијата“, додаде Зеленски.

Истакнувајќи дека развиле формула за воспоставување мир во Украина, Зеленски рече: „Оваа формула е најисправниот и единствениот дипломатски начин за воспоставување мир во Украина.“