Повеќе од 1.760 Украинци се вратиле од руско заробеништво од почетокот на војната пред речиси една година, изјави во саботата украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Во видео порака на Телеграм, Зеленски изјави дека уште 116 украински војници се ослободени во новата рунда размена на затвореници меѓу Русија и Украина.
Потенцирајќи дека размената трае со месеци, Зеленски рече дека од 24 февруари минатата година, 1.762 Украинци успеале да побегнат од руското заробеништво.
Министерството за одбрана на Русија во саботата објави дека 63 руски војници се ослободени во нова размена со Украина.