Зеленски по пристигнувањето во Париз: Со секоја посета се зајакнуваат одбранбените способности

Макрон и Зеленски не им се обратија на новинарите кои чекаа пред претседателската палата.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вечерва допатува во ненадејна посета на Париз, каде ќе разговара со францускиот претседател Емануел Макрон .

– Со секоја посета се прошируваат одбранбените и офанзивните способности на Украина. Врските со Европа се посилни, а притисокот врз Русија се зголемува – напиша Зеленски на Твитер по пристигнувањето во Париз.

Тој изјави дека со Макрон „ќе разговара за најважните точки од билатералните односи“.

Како што претходно беше соопштено од кабинетот на Макрон, Франција испрати авион да го земе Зеленски во Германија , каде што претходно денеска се сретна со канцеларот Олаф Шолц, јавува Асошиетед прес. Кабинетот на Макрон соопшти дека ќе разговараат за воените и хуманитарните потреби на Украина и за „долгорочните изгледи за враќање на мирот во Европа“ и дека Макрон „ќе ја потврди непоколебливата поддршка на Франција и Европа“ на Украина во нејзината борба против руската инвазија.

Макрон и Зеленски не им се обратија на новинарите кои чекаа пред претседателската палата , јави АП.