Украинскиот претседател Володимир Зеленски има намера следната недела да претстави план од 10 точки за обезбедување внатрешна безбедност, кој, меѓу другите прашања, се однесува на снабдувањето со енергија и производството на оружје, јави ДПА.
Ова го соопшти Зеленски во своето вечерно видео обраќање. -Продолжуваме да работиме на нашиот внатрешен план за отпорност – се што е потребно за да се осигураме дека Украина е силна.
Денес се осврнавме на неколку точки, вклучувајќи го и културниот суверенитет, кој го опфаќа културното наследство на Украина, модерната култура и културната дипломатија, производството на украински содржини и за оваа цел – промовирање на вистинско и ефективно единство во културната заедница на Украина, рече Зеленски.
Според претседателот, ова е елемент за гарантирање на врските на Украина со глобалниот свет.