Зеленски со шокантна изјава: Украина подготвува нова контраофанзива, го спомна и дебаклот од минатата година: „Русите го знаеја планот, сме саботирани“
Новата контраофанзива на Украина ќе биде поуспешна од претходната, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски за американски Politico.
Тој призна дека обидот на украинските вооружени сили да ги потиснат Русите од окупираните територии во летото 2023 година „не бил толку успешен“.
Без да навлегува во детали, Зеленски навести дека Украина била саботирана одвнатре за време на последната офанзива, истакнувајќи дека „Pусите знаеле каде ќе нападнеме” и вети дека „историјата ќе покаже“ како знаат.
Според Зеленски, следната украинска контраофанзива „треба да даде некои резултати“ .
Но, украинскиот претседател истакна дека Западот не треба „да се повлече од своите обврски кон воените напори на Украина“.
Како што рече Зеленски еден ден претходно, Киев веќе има план за нова контраофанзива.
– Да, имаме контраофанзивен план. Немаме алтернатива, но не можам да ветам и да дадам повеќе детали… Ќе добиеме одредени технологии, а ако продолжиме да го зголемуваме производството, ако добиеме лиценци од нашите партнери, тогаш не се работи за бројот на луѓе, туку за квалитетот на оружјето – рече тој.