Зеленски ја прими наградата Карло Велики за украинскиот народ

– Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја прими наградата Карло Велики доделена нему и на украинскиот народ за нивните напори да се спротивстават на руската инвазија врз нивната земја, опишувајќи ја како „голема чест“.

Обраќајќи им се на присутните во својот говор за време на церемонијата на доделувањето на наградата во западниот германски град Ахен, Зеленски рече дека стои таму за Украинците кои секојдневно се борат за својата слобода и за вредностите на Европа.

– Секој од нив заслужува да застане овде, рече Зеленски.

Украинскиот претседател истакна дека Украина не сака ништо повеќе од мир – но тоа може да се постигне само со победа во сегашниот конфликт.

– Војната во Украина, исто така, ќе ја реши судбината на Европа, рече тој, затоа што Русија, која е способна за секаква суровост и злобност, има намера да ја поништи историјата на европското обединување, изјави Зеленски.