Зелен чај и кафе како природен извор на кофеин: Кој пијалок ќе не држи подолго будни?

Кофеинот е најраспространет стимуланс во светот, а природно го има во кафето и чајот, кои се и најчестите извори на кофеин во исхраната на луѓето.

Ако го споредиме односот на кофеинот во кафето и чајот, кафето содржи повеќе од три пати повеќе кофеин од зелениот чај. Шолја кафе од 240 милилитри содржи 96 милиграми кофеин, додека истата шолја зелен чај содржи 29 милиграми.

Кофеинот има бројни корисни ефекти врз здравјето на луѓето, а покрај познатите ефекти, го намалува и ризикот од деменција и други дегенеративни болести.Препорачаната доза од 400 милиграми кофеин дневно се смета за безбедна за возрасните. Сепак, препорачаната граница паѓа на 100 милиграми дневно за тинејџерите.

Зелениот чај и кафето имаат бројни здравствени придобивки, вклучително и висока содржина на антиоксиданси, а исто така помагаат во процесот на слабеење. Тие се особено богати со група антиоксиданси наречени полифеноли.Тие исто така помагаат во контролата на шеќерот во крвта и здравјето на срцето.

Покрај тоа, зелениот чај содржи амино киселина наречена Л-теанин, која позитивно влијае на мозокот, зголемувајќи го чувството на смирена будност.

Сепак, има и некои недостатоци на овие два пијалоци. Имено, преголемиот внес на кофеин може да доведе до анксиозност и намалена потреба за сон. Ако консумирате повеќе кофеин од препорачаната доза, може да ги влошите симптомите на анксиозност и несоница, како и нарушувања на спиењето.

Затоа, подобар избор за луѓето кои патат од несоница или панично растројство би бил зелениот чај. Причината е помалата содржина на кофеин, но и поради тоа што содржи аминокиселина Л-теанин, која делува смирувачки. Од друга страна, кафето би било посоодветен избор доколку барате зголемена будност или подобрени физички перформанси.