Земјотресот сруши џамии во текот на молитвата: Страшни сцени од Мјанмар, се стравува дека меѓу жртвите има и деца (ФОТО/ВИДЕО)
Џамии во Мјанмар се уништени од земјотресот.
Најмалку три лица загинаа при делумно уривање на џамија во Мјанмар за време на утринскиот катастрофален земјотрес.
Скај њуз пренесува дека еден од очевидците изјавил за Ројтерс.
„Се молевме кога почна да се тресе… Тројца загинаа на самото место“, рекол маж од Таунгу во регионот Баго.
На социјалните мрежи се појави и видео од џамија во Мандалај, која исто така беше уништена во земјотресот.
Локалните медиуми јавија дека таму загинале околу 20 луѓе, а се стравува дека меѓу загинатите има и деца.