ЗЕМЈОТРЕС ВО МЕКСИКО: Се тресело тлото во близина на познато одморалиште, ГРАЃАНИТЕ ЕВАКУИРАНИ

Земјотрес со јачина од пет степени според Рихтеровата скала ја погоди областа во близина на мексиканското летувалиште Акапулко во саботата попладне по локално време, соопшти Националниот сеизмолошки центар.

Во главниот град Мексико Сити жителите ги евакуираа своите домови и други згради поради земјотресот, но нема извештаи за можни штети, напиша градоначалникот Марти Батрес на социјалната мрежа Х, пренесува Ројтерс.