Земјотрес во Србија

Според првите информации бил со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала

Земјотресот денеска беше силно почувствуван во подрачјето на Свилајнец.

На веб-страницата ЕМСЦ се наведува дека земјотресот се случил во 09:47 часот.

Според првите информации бил со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала.

Земјотресот е почувствуван и во Белград, сведочат граѓаните.

– Почувствував дека се ниша – вели една белграѓанка.

Земјотресот е почувствуван и во Петровац на Млава, а се стресе дури и во соседна Бугарија.

– Добро не потресе овде во Лом – сведочат жителите на Бугарија, кои живеат на околу 130 километри од епицентарот, пишува Телеграф.