Филипини го укина предупредувањето за цунами по силниот земјотрес, луѓето се враќаат дома

Филипините рано утринава го укинаа предупредувањето за цунами, а жителите почнаа да се враќаат по земјотресот со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала што го погоди јужниот дел на земјата, при што загина најмалку едно лице, а четири беа повредени. Откако земјотресот се случи во саботата вечерта во близина на градот Хинатуан во провинцијата Суригао Дел Сур, 906 километри јужно од Манила, властите издадоа предупредување за цунами и ги повикаа жителите да се повлечат во внатрешноста.

Брановите биле помалку од еден метар во градовите на брегот и островите на јужните провинции и траеле пет часа по земјотресот, пренесува dpa. По земјотресот следеле повеќе од 500 последователни потреси, објави филипинската сеизмолошка агенција Филволкс, а најсилниот бил 6,1.

Секретарот за одбрана Гилберт Теодоро изјави дека една бремена жена загинала кога ѕид од куќа се урна врз неа во земјотресот во провинцијата Давао Дел Норте. Повредени се уште четири лица. Филипините лежи на т.н Пацифичкиот огнен прстен, појасот на најактивната област на планетата каде се регистрирани речиси 90 проценти од сите земјотреси во светот.