Земјотрес во Турција! Се тресеше тлото на Анталија: ,,Тоа беше силен земјотрес, силно тресеше”

Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди Турција.

Епицентарот бил на 35 километри од Анталија.

Граѓаните велат дека земјотресот „силно и долго тресел“.

„Се нишаа телевизорот и полицата“, „Чувствував, добро тресеше“, „Седев на каучот и почувствував дека се ниша“, сведочат жителите на околината.