Украина ја презеде одговорноста за убиството на Филипоненко

Главната управа на Воено-разузнавачката служба на Министерството за одбрана на Украина соопшти дека ја презела одговорноста за убиството на членот на Народниот совет на ЛПР и поранешниот шеф на администрацијата на Народната милиција на ЛПР, Михаило Филипоненко. 

Членот на Народниот совет на ЛНР и поранешен шеф на администрацијата на Народната милиција на ЛНР, Михаил Филипоненко, почина денеска во Луганск, објави на Телеграма членот на регионалниот парламент Јуриј Јуров.

Филипоненко е убиен во експлозија на бомба поставена под автомобил пред куќата во која живеел, а ова не е прв обид за атентат на овој политичар. Јуров, кој ја пренесе и првичната вест за смртта на Филипоненко, потсети дека обидот за убиство на Филипоненко бил извршен и на 21 февруари.