ЗЕМЈОТРЕС ОД 5,3 СТЕПЕНИ ПО РИХТЕР ја погоди ЦРНА ГОРА

Силен земјотрес, со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала, утринава, околу четири часот, ја погоди Црна Гора.

Земјотресот е регистриран во 4,06 часот, на длабочина од десет километри, а бил почувствуван низ цела Црна Гора.

По првиот земјотрес следеа низа послаби земјотреси.

Институтот за хидрометеорологија и сеизмологија на Црна Гора соопшти дека епицентарот бил на пет километри од градот Чараѓе во општина Плужине. Фокусното место беше на длабочина од 14 километри.

Од Институтот наведуваат дека земјотресот можел да предизвика одредена материјална штета во епицентралното подрачје.

На социјалните мрежи се огласуваат корисници од сите три републики, а судејќи по нивните тврдења, земјотресот бил доста силен и успеал да разбуди многумина.