Епицентарот на земјотресот бил на 19 километри од Елбасан
Земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала рано утринава ја погоди Албанија , соопшти Сеизмолошкиот завод на Србија.
Земјотресот е регистриран во 6 часот и 32 минути, на длабочина од пет километри.
Епицентарот на земјотресот бил на 19 километри од Елбасан.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.