Зидан: Двајца фудбалери можат да ме станат од стол со нивните потези

Зинедин Зидан реализирал роденденско интервју со „Телефут“, а француските медиуми ги издвојуваат неговите најинтересни одговори поврзани со актуелни фудбалски теми.

Прославениот фудбалер и трофеен тренер веќе подолг период е без ангажман, а и натаму со посебни и одбрани зборови го опишува квалитетот на играчи на Реал Мадрид.

Ова се однесува на Карим Бензема и Лука Модриќ, за кои Зизу има посебен респект.

– Ако постои еден фудбалер поради чии потези станувам од стол, тоа е Карим Бензема. Веројатно истото важи и за Лука Модриќ, двајца фудбалери за кои мислиш дека ја загубиле топката, но никогаш не излегува така, тие секогаш наоаѓаат соодветно решение, – изјавил Зидан.

Тој не штедел комплименти и за Килијан Мбапе.

– Се надевам дека Мбапе ќе освои многу „Златни топки“ и трофеи. Она што го прави за ПСЖ и репрезентацијата е неверојатно, јас сум голем фан на Килијан, – истакнал Зизу.