,,Зимата не помина, очекувајте 30 цм снег” – Метеорологот предупреди: Следува временски пресврт за 10 дена

Според најавите на УХМР, периодов се очекуваат вистински пролетни температури кои ќе стигнат до 20 степени.

Метерологот Недељко Тодоровиќ гостуваше во емисијата Пулс на Србија и ја откри причината за ова топло време на Балканот.

– Циклоните носат врнежи и заладување, но на предната страна на тој циклон, додека тој се движи, има и јужна компонента на протокот која се поместува југозападно и носи потопол воздух од пониските географски широчини. Во моментот кога циклонот ќе се префрли од Атлантикот над западна и централна Европа, ќе биде нормално дека температурите ќе се зголемат значајно над просекот. Од руга страна, тој студен воздух ќе остане заглавен во северниот дел на Атлантикот и во Скандинавија.

– Во наредните 10 дена ќе се соочиме со топол период со максимални температури кои се за десет степени повисоки од просечните вредности за овој период. А просечната максимална температура во февруари е некаде околу седум степени на годишно ниво. Значи, ќе имаме приближно 10 степени над тој просек и тоа ќе трае до следниот студен бран, кој според нашите прогнози се очекува дури некаде по 10 февруари. Така, на 10-ти, 11-ти и 12-ти следува голем пад на температурата. Кон средината на февруари на ќе имаме постудено време – рече Тодоровиќ и додаде:

– Што се однесува до снегот, тоа што се случи во декември беше шега. Имавме две епизоди во јануари, но беше навистина слабо. Во принцип, сите овие беа вредности со снежни врнежи до 10 см. Но, кон средината на месецот очекуваме значителен пад на температурата и зголемување на врнежите од дожд и снег, а потоа во планинските предели очекувам да наврнат најмалку 30 сантиметри нов снег. Всушност, не можеме да кажеме дека зимата заврши, напротив, таа само што почнала, вели тој.