ЗИМА ВО МАКЕДОНИЈА: Пред нас е уште еден леден ден

Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе се движи од -10 до -3, а максималната од 1 до 8 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 3 степени.

Како што информира УХМР, до недела ќе се задржи стабилно и постудено време со ниски утрински температури. Во петок и сабота ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Во понеделник и вторник ќе има зголемување на облачноста и локални врнежи.

На Попова Шапка -12, во Берово -10

Најстудено утрово е на Попова Шапка -12 степени и во Берово -10, во Крива Паланка, Штип, Демир Капија, Струмица и Маврови Анови се измерени минус шест, во Виница, Кавадарци, Крушево минус пет, во Гевгелија минус 4, Прилеп и Дојран минус три, Битола и Куманово минус два, во Скопје минус еден и нула во Охрид, соопшти УХМР.

На Попова Шапка има шес сантиметри снег, во Пожарена два, а во еден сантиметар во Ѓуриште.