Златан Ибрахимовиќ се збогува од фудбалот на натпреварот против Србија

Она што се шпекулираше во медиумите изминативе денови е и официјално потврдено – Златан Ибрахимовиќ се збогува од фудбалот на натпреварот против Србија на 8 јуни.

Потпретседателот на Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС) Бранислав Недимовиќ пред неколку дена откри дека планот е да се одигра пријателски натпревар меѓу Србија и Шведска, каде Ибрахимовиќ ќе го одигра својот последен професионален натпревар.

Недимовиќ се надеваше дека Ибра ќе се прости во Белград, но на крајот беше договорено мечот да се одигра во Стокхолм на 8 јуни.

„Членовите на Извршниот комитет на Фудбалскиот сојуз на Србија ги верификуваа договорите за одигрување пријателски натпревари како дел од подготовките за ЕП 2024. Ќе играме со Русија (21 март), Кипар (25 март), Австрија (4 јуни) и Шведска ( 8. јуни).

Да потсетиме, во јуни минатата година Златан објави крај на кариерата како играч на Милан, а последниот натпревар како фудбалер ќе го одигра за Шведска.

Ибрахимовиќ за Шведска одигра 122 натпревари и со 62 гола е рекордер на таа репрезентација.