,,Златан ми рече дека врска немам”: Зошто Ибра го навреди Рафаел Леао во соблекувалната на Милан? Која беше причината за понижувањето!?
Фудбалерот на Милан, Рафаел Леао го воодушеви светот со својата брзина и голгетерски способности на натпреварот против Наполи во Лигата на шампионите, но и со целата сезона во Серија А.
Овој фудбалер кој е роден во Португалија, покрај фудбалот има голема страст и за музика.
– Кога бев дете, во мојата куќа секогаш имаше музика. Вујко ми беше диџеј, а татко ми пејач. Сè околу мене беше поврзано со музиката, па мојата љубов и страст потекнуваат од таму. Отсекогаш сум слушал хип-хоп – изјави Рафаел Леао за магазинот „Ролинг Стоун“.
Португалецот зборуваше за тоа колку ја сака музиката.
– Срамежлив сум и еден ден сфатив дека музиката ми дозволува да се изразам. Не секогаш ги покажувам моите емоции и чувства. За мене музиката е друг свет. Сега тоа е мое хоби. Мојот менаџер Леандро направи анкета, се обидувам да најдам нови уметници и да ги донесам во мојата издавачката куќа. Сакам да создадам нешто големо бидејќи Португалија има многу музички таленти. Но, тие не можат да одат во студио, немаат можност и пари. Сакаме да им дадеме шанса. Јас наскоро ќе се вратам на микрофонот во студиото, – рече тој.
– Кон крајот на годината ќе излезе мојот втор албум ,,My Life in Every Verse’. Во две-три песни ќе кажам сè за себе и за мојот живот. Сакам сите знаат кој сум. Бев обично момче од мал град кое сонуваше. Сега станав ѕвезда, – додаде тој.
Леао откри дека се обидел да пее во соблекувалната на Милан. Сепак, не секој го ценел неговиот талент.
– Да, играчите ги слушнаа моите песни! Некои се смееја, а некои ме поддржуваа. Овие другите ги имаше повеќе, Златан Ибрахимовиќ беше еден од оние што се смееја. Тој ми даде совет дека е подобро да се фокусирам на фудбалот. И другите ми го кажаа истото. Мислам дека никој во Милан воопшто не разбира рап, – изјави Леао.
И покрај неговата страст за музика, Рафаел Леао сепак го става фудбалот на прво место.
– Ако треба да бирам, тогаш, секако, би избрал фудбал! Фудбалот ми даде многу и го сакам – објасни Португалецот.