Злобната свекрва се обидува да ми ја уништи свадбата! Не ме сака за снаа: Разговаравме, но сепак ќе го направи тоа! (фото)
Идна невеста се пожали на Reddit за проблемите што и’ ги правела мајката на нејзиниот вереник. Свекрвата е сигурна во една намера, а снаата ја чека свадбата во најлошо можно расположение. Сагата за „лошите односи меѓу свекрва и снаа“ продолжува…
Идната невеста се пожалила дека нејзината свекрва ќе облече, ни помалку, ни повеќе туку венчаница и дека е децидна во таа намера и не сака да ја промени својата одлука.
– Со оглед на тоа колку не и’ се допаѓам и колку се труди да ми даде до знаење дека не сака да бидам со нејзиниот син, мислам дека ова е злонамерно. Свекрва ми ме тераше да ја купам венчаницата од нејзината колешка и знае дека не ја сакам таа венчаница, бидејќи нејзината колешка се разведе, што според мене би било лоша среќа. Зборував со неа за фустанот, но таа сепак го нарача и е подготвена да го облече. Ве молам кажете ми што да правам?“, напиша таа на својата снаа на Reddit.
На Reddit ја советуваат дека нејзиниот иден сопруг треба да и’ помогне и дека однесувањето на нејзината свекрва не е безопасно:
– Видов како мајка на една невеста носи бел, светкав фустан на свадбата на нејзината ќерка а ќерка и’ немаше храброст да и’ каже да не го прави тоа.
“Тоа е венчаница, но вереникот нека ѝ каже да не прави така. Ако била груба со тебе во минатото, тој треба да те поддржува тебе”, “Не само што е мизерно да се омажиш за ,,мамино момче”, туку тој ја покажува својата подготвеност да ја игнорира својата идна сопруга за да се чувствува добро неговата мајка – ова не е фер”, беа дел од коментарите.