“ЗЛОБНАТА“ ТАКТИКА НА ВИКТОР ОРБАН УСПЕА – Тотално неверување во Брисел, пратениците бесни: “Му го дадовте најголемиот поткуп во историјата!“

Европската комисија во средата одмрзна 10,2 милијарди евра од кохезионите фондови на Унгарија, откако оцени дека Будимпешта презела мерки за решавање на прашањето за независноста на судството. Сепак, Будимпешта сè уште има околу 6,4 милијарди евра замрзнати, исто така, од кохезиониот фонд и повеќе од 10 милијарди евра што инаку би им биле достапни од механизмот за закрепнување и отпорност на ЕУ.

По темелна анализа, ЕК смета дека Унгарија ги презела мерките на кои се обврзала во однос на независноста на судството. Тоа значи дека финансирањето во областа на кохезионата политика повеќе не е блокирано и затоа Унгарија би можела да почне да бара исплата од околу 10,2 милијарди евра“, објави извршното тело на ЕУ

Сепак, тие додаваат дека одлуката може да се повлече во случај Унгарија повеќе да не ги исполнува поставените услови.

Оваа одлука на ЕК е многу контроверзна – имено, невладините организации кои ја следат независноста на судството во Унгарија тврдат дека Владата не ги исполнила критериумите поставени од ЕУ. А дури четири политички групи во Европскиот парламент, меѓу кои Народната Партија и Социјалистите, испратија писмо до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во кое ја изразуваат својата загриженост за потегот кон Унгарија.

Многумина веднаш забележаа дека тоа изгледа како „поклон“ на унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој упорно ги блокира сите важни одлуки на ЕУ во врска со Украина, вклучително и новиот голем пакет помош за Киев од 50 милијарди евра и евентуалното започнување на процесот со кој Украина би можела да ги започне пристапните преговори со ЕУ.

Најстрог беше германскиот претставник од контингентот на зелените, Даниел Фројнд:

Урсула фон дер Лајен штотуку ја направи најголемата грешка во својот мандат. Не се спроведени потребните реформи, а тајмингот на објавувањето навестува дека не станува збор за реформи во судството. Наместо тоа, 10 милијарди евра беа наменети за отстранување на ветото на Виктор Орбан. Немаше обврска тоа да се направи во моментов. Урсула фон дер Лајен сега го дава најголемиот поткуп во историјата на ЕУ – на автократот и пријател на Владимир Путин – Виктор Орбан. Европската комисија денеска покажува дека тактиката на уцена на Виктор Орбан се исплатела“.

Финскиот пратеник во Европскиот парламентПетри Сарвамаа, овој потег на Европската комисија го нарече „катастрофална одлука“.

Како може ЕК да оцени нешто што допрва ќе се случи ? Бидејќи членовите на националниот судски совет не се ни назначени, не постои начин да се знае неговото влијание врз состојбата на владеењето на правото во Унгарија. Меѓу членовите на ЕК за контрола на буџетот, апелиравме до ЕК веќе во ноември и ги охрабривме да го чекаат целиот процес на формирање на националниот судски совет“, вели Петри Сарвамаа.

Навистина, се чини дека уцената на Виктор Орбан успеа. Одбивам да верувам дека ужасниот тајминг на оваа одлука беше само случајност, особено ако знаеме како Виктор Орбан има намера да ги држи во заложништво другите 26 земји-членки на Европскиот совет подоцна оваа недела“, заклучи тој.