Американската Влада најверојатно издвоила околу 5,4 милијарди американски долари помош за време на пандемијата со Ковид-19 на луѓе кои ја злоупотребиле индификациската картичка за здравствено осигурување, соопшти федералното набљудувачко тело.
Телото наречено Одбор за одговор на пандемијата соопшти дека идентификувало 69.323 сомнителни броеви за здравствено осигурување преку кои се исплатени 5,4 милијарди американски долари помош за финансирање мали претпријатија за економско закрепнување од последиците од пандемијата со Ковид-19 и Програмата за гарантиран личен доход кои ги субвенционира Владата.
Заемите се направени меѓу април 2020 година и октомври 2022 година, додаде Одборот во извештајот, кој доаѓа пред сослушувањата пред Надзорното тело на Претставничкиот дом.