“ЗНАЕВ ДЕКА ЌЕ БИДАМ ГЛАВНА ФАЦА!“ – Која е фаталната девојка на новиот претседател на Аргентина: Таа е 11 години помлада, а тој ужива во тројки со нејзе !?

Хавиер Милај (53 г.), екстремно десничарскиот економист победи на претседателските избори во Аргентина. Новоизбраниот претседател е голем обожавател на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, сексуален „експерт“ кој сака тројки, иако верува дека сексуалното образование е заговор за уништување на традиционалното семејство. Накратко, Хавиер Милај е нова контроверзна личност во светската политика!

Хавиер Милеј
Хавиер Милај 

Фатима Флорез (42 г.), актерка и нова прва дама на Аргентина, е девојка на Хавиер Милај, претседателот на Аргентина. Вистинско име на новата прва дама е Марија Еугенија Фолрез и е родена на периферијата на Буенос Аирес во 1981 година.

Која е Фатима Флорез ?

Таткото на Фатима Флорез, Оскар, бил архитект, а нејзината мајка, Марта, била професорка по географија. Парот, кој имаат три ќерки заедно, се разделиле кога Фатима Флорез имала девет години.

Во едно интервју во 2014 година таа изјавила дека уште од мали нозе знаела дека ќе заврши во претседателската вила, кога за првпат го видела претседателскиот хеликоптер како лета над нејзината семејна куќа.

Во интервју во 2019 година, таа изјавила дека во основно училиште сфатила дека еден од нејзините најголеми таленти е имитирањето познати личности и луѓе што ги познава.

Фатима Флорез
Фатима Флорез и Хавиер Милај 

Мојот клас ужасно се плашеше од наставничката во шесто одделение во основно училиште бидејќи беше многу напорна и строга, па се обидов да ја ублажам тензијата со хумор. Ги имитирав нејзините движења, изрази на лицето и начинот на кој зборува и сите се смеевме заедно на пат кон дома“, изјавила еднаш Фатима Флорез.

На 19 години почнала професионално да танцува и се занимавала со мјузиклот „Pepito Cibirians“, но набрзо се вратила на она што го сака – имитирање и глума.

Романсата на Фатима Флорез и Хавиер Милај 

Во декември 2022 година, Фатима Флорез го запознала своето сега момче Хавиер Милеј кога и двајцата се појавиле во популарното ток-шоу на Мирте Легранд – два месеци пред таа официјално да се раздели од нејзиниот сопруг. За време на интервјуто, Фатима Флорез му рекла на политичарот:

Ти си премногу сам за твојата важна улога“. 

Во октомври, парот се врати во шоуто на Мирте Легренд за да потврди дека се забавуваат. Фатима Флорез објаснила:

Почнавме да разговараме на социјалната мрежа Инстаграм и почнавме да се гледаме. Тоа дојде многу природно“, кажала Фатима Флорез која ја опишала нивната љубов како „егзотична“. 

Фатима Флорез потоа објаснила како официјално се разделила од нејзиниот сопруг на нејзиниот роденден во февруари – споредувајќи ја со историската битка кај Сан Лоренцо во 1813 година.

Кој е Хавиер Милај ?

Пред пет години тој одеднаш си ја испроба среќата во омилените дневни ТВ-шоуа во Аргентина и продуцентите брзо сфатија дека гледачите не можат да се заситат од неговите луди тврдења за неговата сексуална издржливост и неговите дрски политички мислења. Отворено зборуваше и за тројки.

Тој претпочита да се нарекува себеси анархо-капиталист, што значи дека би сакал да „откине“ што е можно повеќе владини места и сето тоа да го остави на слободниот пазар. Хавиер Милај  гордо вели дека порано бил инструктор за секс односно медитативна форма на сексуален однос заснован на источните филозофии каде што крајната цел не е оргазам, туку уживање во процесот.