„ЗНАМ ДЕКА СО ЕДНА НОГА СУМ ВО ГРОБ…“: Манекенката добила ОПАСНА ДИЈАГНОЗА, зборовите што и ги дале лекарите никој не сака да ги слушне
Линда Евангелиста припаѓаше на златната генерација на супер модели кои засекогаш го променија светот на манекенството . Работела со најпрестижните креатори, а нејзиното појавување во спотот на Џорџ Мајкл и денес се коментира како ненадминато ниво на сексипилност.
Сепак, оваа убавица во последните години минува низ животни драми и битки кои целосно ја скршиле. Што се случува со неа, не можела да претпостави ниту во нејзините најлоши кошмари.
На крајот на минатата година Линда откри дека веќе пет години се бори со ракот. Имено, таа во оваа прилика изјави дека во 2018 година и бил дијагностициран рак на дојка и дека со години се бори за лек. Кога ја дознала дијагнозата, веднаш започнала со лекување, кое тргнало во вистинска насока и поверувала дека ја победила порочната болест. Сепак, набрзо следеа лоши вести.
“Параметрите не беа добри и без двоумење решив да направам двојна мастектомија, отстранување на двете гради. Сакав сето тоа да го оставам зад себе. Изгледот не ми беше важен, само сакав да живеам. Му реков на докторот дека нема да умрам од ова“ била решена убавата Линда, која сама водела тешки битки.
Нејзината здравствена состојба не е најдобра, но лекарите не ја испуштаат од вид. Ја предупредиле дека ракот може да се врати.
– Знам дека имам една нога во гробот, но сега го славам животот. Секој ден. Среќна сум што сум жива, се што доаѓа со него е бонус – изјавила храбрата манекенка.