ЗОШТО АФЛЕК Е ЦЕЛО ВРЕМЕ НАМУРТЕН? Во екот на приказната за разводот откри зошто прави гримаси кога е со Џенифер, одговорот ги изненади сите
Актерот Бен Афлек веќе со недели е во центарот на медиумското внимание , поради шпекулациите дека неговата љубов и брак со Џенифер Лопез завршил. Познатиот уметник папараците не престануваат да го следат на улица.
Сликите подоцна се анализирани, бидејќи актерот и пејачката не сакаат да откриваат детали.
Она што сите го забележуваа претходните години, а на последните фотографии е неизбежно, е дека тој е „лут“ на секоја фотографија. Имено, судејќи по изразите на лицето кои ги сликаат папараците, Афлек секогаш е намуртен.
Додека гостуваше во ток-шоуто на Кевин Харт „Hart to Heart“, актерот зборуваше за гримасите што ги прави секогаш кога се фотографира со Џенифер и ја откри причината за таквото однесување.
-И јас сум малку срамежлив. Исто така, не ми се допаѓа многу внимание. Затоа луѓето ме гледаат и ми велат: „Зошто овој човек е секогаш лут?“ Затоа што некој ми ја залепи камерата во лице и јас велам: „Во ред, еве одиме повторно“, рече Афлек.
Таа фрустрација е подигната на друго ниво кога Афлек е фотографиран со децата.
-Не ми пречи, можеш да ме сликаш во клуб или на премиера, со сопругата Џенифер Лопез, не ми е гајле. Еве, слободно . Не те забележувам. Но, со моите деца, тоа е поинаква работа.
Потсетуваме дека парот неодамна ја разбранува јавноста. По неуспешниот романтичен викенд, Џенифер сама заминала во Италија, а актерот е фотографиран во околината со децата.