Зошто е добро да се јаде мед секој ден?

Медот е најдобрата алтернатива на шеќерот и содржи бројни придобивки за вашето здравје и убавина

Многу нутриционисти советуваат да јадеме по една лажица мед секој ден, а како тоа влијае на нашето тело, прочитајте во продолжение.

Го зајакнува имунитетот

Полн со антиоксиданси и антибактериски својства, медот е вистинскиот начин за зајакнување на имунитетот, кој е компромитиран од недостаток на сон, несоодветна исхрана и многу стрес.

Ја чисти кожата

Медот ги чисти, штити и лекува раните и се користи за нега на кожата насекаде низ светот. Содржи различни протеини, како и водород и глуконска киселина, кои лекуваат мали рани и акни. Неговите амино киселини го обновуваат ткивото и ги одржуваат цврсти поткожните влакна. Покрај тоа, тој е богат со мелатонин, кој нашето тело го ослободува за време на спиењето и кој и помага на кожата да изгледа поздраво.

Помага во детоксикација на телото

Секој ден нашето тело е под влијание на штетните токсини кои ги внесуваме со храна и пијалоци. Сепак, секојдневното консумирање мед може да помогне при детоксикација. Полн е со флавоноиди, вистинска ризница на здравјето, кои служат за ублажување на нерамнотежата на радикали, токсини и антиоксиданси во телото што доведува до оштетување на ткивото.

Го губи вишокот килограми

Можеби медот со сите негови калории звучи како необичен начин за слабеење, но всушност многу помага. Истражувањата покажаа дека консумирањето мед наместо производи полни со сахароза има подобри ефекти и резултира со помала тежина. Покрај тоа, апчиња за контрола на телесната тежина имале полоши резултати од медот. Значи, само природно!