ФОТО+ВИДЕО | РЕКА ОД ВИНО ПРОТЕЧЕ НИЗ МАЛ ГРАД ВО ПОРТУГАЛИЈА – Погледнете што се крие зад поплавата каква што светот досега не видел

Португалската винарија „Левира“ им се извини на жителите на градот Сао Лоренцо де Баиро за реката од вино што ненадејно се појави низ нејзините тесни и стрмни улички.

NBC News го пренесува пишувањето на португалскиот весник Jornal Diario de Aveiro дека овој порој од алкохол е снимен во неделата во форма на река од црвено вино.

Вино, река од вино
Сао Лоренцо де Баиро

Се наведува дека нема повредени, но од винаријата соопштија дека виното навистина поплавило дел од подрумите на една од куќите.

Португалскиот весник наведува дека пожарникарите морале да интервенираат и го пренасочиле текот на винскиот порој кон локалната река и околните ниви.

Од винарската визба соопштија дека до инцидентот дошло кога пукнале два резервоари во кои се чувало вино, кои се преполниле поради вишокот на вино на европскиот пазар и одлуката на португалската Влада да не испорачува нови количини од таа земја.

Погледнете го видеото од улиците ОВДЕ.

Весникот наведува дека низ улиците биле излеани околу 2,2 милиони литри вино, а на винаријата и било кажано дека треба да плати за чистење на градот и сите потребни поправки и штети.