ПРИВЕДЕНО ЛИЦЕ ЗА ТЕШКА КРАЖБА – Разбојникот од Сарај испратен во Идризово на тригодишна затворска казна

Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, вчера во 15:50 часот во село Копаница, општина Сарај го лишиле од слобода Ш.С. (27 г.) од село Копаница.

Како што соопшти МВР, тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело „тешка кражба“.

Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.