Зошто луѓето ставаат алуминиумска фолија на оградата?

Покривањето на оградата со алуминиумска фолија е најновиот тренд кој ќе ви го разубави престојот на балконот и ќе ве спаси од несаканите животни.

Градските станови со балкони имаат класичен проблем – гулаби кои сакаат да ги населат. Но, во тоа помагаат неколку трикови.

На овој начин може да се спречи валкањето на балконот, бидејќи гулабите често оставаат измет на нив, па често луѓето се валкаат со нивниот изжет.

Важно е да се напомене дека никој не сака да им наштети на животните со ставањето фолија, туку само да ги премести од терасата.

Трикот вклучува едноставна алуминиумска фолија, која се поставува на оградата на балконот. Тој материјал ќе го рефлектира сјајот на сончевите зраци, што им пречи на сите птици, не само на гулабите. Така тие се дезориентираат, па не одат во таа насока.

Потребна ви е чиста фолија, без храна која би привлекла комарци и други летечки инсекти. Овој трик е практичен и едноставен, па балконот ќе го направи пријатно место за живеење.