Цел Балкан зборуваше за Ирина и Мариќ! По напуштањето на телевизијата, ce пишуваше cè за нив а ова е вистината за нивната врска (фото)

Во 2016 година, Ирина Вукотиќ се пресели во ,,Телевизија Happy” каде беше водител на емисијата ,,Dobro jutro Srbijo” со Миломир Мариќ. Во 2018 година ја напушти Happy TV и премина во Pink TV, каде до неодамна беше водителка на ,,Novo jutro”, а сега пристигна вест дека ja напуштила Pink TV и отишла на телевизија Prva.

Cепак, веруваме дека сите најмногу ја паметат од времето кога ја водеше емисијата со Мариќ во која уживаше цел Балкан. Имаше и скандали, смеење, а ова водителско дуо крена прашина секогаш кога имаше некое вклучување во живо.

Исто така, веруваме дека сите се сеќавате на емисијата „Dobro jutro Srbijo“ на Hapky телевизија кога Јелена Милиќ ја нападна водителката Ирина која поради тоа го напушти студиото среде емисија. Мариќ потоа проговори и откри зошто не интервенирал кога дошло до конфликтот.

-Бев изненаден, но не се мешав бидејќи и’ верувам на Ирина. Знаев дека може сама да одговори, паметна е и не и’ требаше моја помош. Ќе беше навредена да интервенирав, способна е да се брани – изјави тогаш Мариќ а потоа продолжи:

-Па, имам возбудливи емисии и нема забранети личности, така што и таа не е забранета – изјави уредникот на Happy телевизија, мислејќи на Јелена.

По отказот се шпекулираше дека таа и Мариќ биле во лоши односи, сепак водителката тогаш остро демантираше сè.

– Две години прекрасна соработка со господинот Мариќ. Немало „тензии и несогласувања“, како што информираат „извори“ колеги новинари. Напротив. Тоа беше големо новинарско искуство и професионален предизвик, често духовит, полн со изненадувања и секогаш во добра, пријателска атмосфера. Но, дојде време за промени – изјави тогаш Ирина преку социјалните мрежи.

Да потсетиме, Ирина Вукотиќ се откажа од ТV Pink и се сели во ТV Prvaа, потврдија српските медиуми.