Зошто Макрон потпишува закон кој може скапо да го чини? Франција се уште е во протестно расположение
Францускиот претседател Емануел Макрон рано утрово го потпиша многу непопуларниот закон за пензиските реформи.
Емануел Макрон го потпиша законот за пензиски реформи поради тешката економска ситуација во Франција, вели политикологот Јуриј Светов за ФАН.
Политикологот Јуриј Светов смета дека по одлуката на претседателот на Франција, протестните расположенија во земјата ќе продолжат, но со текот на времето населението ќе се помири со одлуката на Макрон.
Политикологот додаде дека Емануел Макрон ја посетил Кина токму поради економската ситуација на Франција. Дополнително, „флертувањето“ со Кина е поврзано и со можното негодување на Макрон кон неговите партнери.
За потсетување, францускиот претседател Емануел Макрон рано утринава го потпиша многу непопуларниот закон за пензиски реформи, со кој старосната граница за пензионирање се зголеми од 62 на 64 години.