Причините зошто некој не може да признае дека не е во право можат да бидат различни, од едноставен недостаток на самосвест до сериозни нарушувања на личноста. Ако имате личност во вашиот живот која секогаш мора да биде во право, сигурно ваквата комуникација е заморна за вас и би сакале да најдете решение.
Стравот е една од најчестите причини зошто луѓето не можат да признаат кога грешат. Грижата која се јавува како резултат на нарушениот кредибилитет ја попречува нивната свест и прифаќање на фактот дека грешат. Понекогаш луѓето создаваат лажна слика за себе што резултира со неможност да се прифати фактот дека тие не се секогаш во право.
Луѓето на кои им е тешко да признаат дека грешат, всушност тешко ја гледаат реалноста надвор од себе. Многумина од нив се несигурни, имаат силно его и се плашат да не изгледаат глупаво.
Една од најтоксичните причини зошто луѓето не можат да признаат дека грешат е недостатокот на самосвест, вели психологот Блер Никол Настаси.
Луѓе кои немаат самосвест можат да имаат тешкотии при процесот на самоанализа. Тие најчесто не сфаќаат како нивните постапки влијаат на другите, што доведува до серија токсични однесувања. Според психологот, други причини поради кои луѓето не можат да признаат дека грешат се чувствата на срам и системот за одбрана, перфекционизмот и избегнувањето конфликт.
Некои, пак, го прават тоа намерно за да ги манипулираат и контролираат другите. Како резултат на тоа, луѓето со силно его не можат да прифатат каква било информација што е во спротивност со нивните веќе постоечки верувања.