Разиграниот принц Луис ги насмеа гледачите додека тој гримасираше и се проѕеваше од досада на крунисувањето на својот дедо, при што многумина забележаа дека петгодишниот принц отсуствуваше во текот на целата церемонија, пишува Дејли мејл.
Ја напушти церемонијата
Откако ја забавуваше публиката со своето зевање во првиот дел од церемонијата, најмалото дете на Вилијам и Кејт го напушти своето место.
Дел од публиката почна да шпекулира дека принцот бил одалечен поради неговото палаво однесување, но се покажало дека тоа не е причината за неговото исчезнување.
Детално планот на Вилијам и Кејт
Имено, откриено е дека Вилијам и Кејт подготвиле детален план за петгодишниот Луис и одлучиле малиот принц да присуствува само на однапред одредени делови од церемонијата.
Имено, поради возраста, принцот Луис не можел да ја следи целата церемонија, за разлика од неговиот деветгодишен брат принцот Џорџ и осумгодишната принцеза Шарлот, кои се однесувале примерно за време на крунисувањето на нивниот дедо.
Токму поради тоа, Луис во неколку наврати бил однесен на одмор, а на семејството му се придружил на самиот крај на церемонијата кога гостите ја пееле британската химна.