Зошто се запали авионот на аеродромот во Јапонија? Експертите имаат само една теорија

На аеродромот е формирана специјална единица за истрага на несреќата
Јапонската полиција моментално го истражува судирот на авион на Јапонската ерлајнс (ЈАЛ) и помал авион на јапонската крајбрежна стража на аеродромот во Токио, со фокус на можното професионално невнимание како причина за несреќата, објавија јапонските медиуми.

Според официјалните информации, сите 379 патници некако успеале да се евакуираат од патничкиот авион Ербас А350 на Јапонија ерлајнс, кој се запалил по судир со турбопропинг авион De Havilland Dash-8 на јапонската крајбрежна стража веднаш по слетувањето на аеродромот во Токио, пренесува Ројтерс.

Во оваа несреќа животот го загубија пет од вкупно шест членови на екипажот на авионот на крајбрежната стража.

Воздухопловните експерти забележуваат дека несреќите на пистата станаа ретки благодарение на модерната технологија и сложените процедури, но јапонските власти сè уште не можат јасно да ја идентификуваат причината за овој инцидент.
Јапонската полиција моментално го истражува судирот на авионот на Japan Airlines (JAL) и помалиот авион на јапонската крајбрежна стража на аеродромот во Токио, со фокус на можното професионално невнимание како причина за несреќата, објавија јапонските медиуми.