ЗОШТО СЕ УШТЕ НЕ Е ЗАПОЧНАТА ОФАНЗИВАТА КОН ПОЈАСОТ ГАЗА !? Следува нова етапа од војната, а еве што треба да очекуваат Израелците
Mинистерот за одбрана на Израел, Јоав Галант, вети дека Израел ќе победи во војната против Хамас во Појасот Газа и ќе врати повеќе од 200 заложници кои ги држи милитантната група.
„Ова е војна за нашиот дом и ние ќе ја добиеме, или ние или тие“, вели тој.
„Се наоѓаме во одлучувачки момент. Тие водат војна против малите деца, жените и луѓето кои го преживеаја Холокаустот. Ние ќе ја добиеме оваа војна“, нагласи во неколку наврати Јоав Галант.
„Видов војници како паѓаат во битка и команданти на дивизиите кои ја водеа борбата“, вели Јоав Галант, мислејќи на нападот на 7. октомври и борбите во следните денови.
„Ќе следат нови фази во војната, ги подготвуваме и ќе ги спроведеме. Решен сум на победа“, нагласува израелскиот министер за одбрана.
Јоав Галант вели дека планираната копнена офанзива ќе се случи наскоро, кога ќе се создадат соодветни услови.
Тој вели дека Израел погодува цели на Хамас од воздух, од копно и од море.
„Војната е прецизна, смртоносна и моќна. Знам дека наша должност е да ја добиеме војната. Моја должност е како министер за одбрана да водам за да ги добиеме битките, а граѓаните да живеат овде во мир“, продолжува тој.
Јоав Галант вели во оваа кампања се случила уште една работа каква што досега не сме виделе. Има над 200 затвореници и исчезнати лица, а во битката Израелците изгубија околу 1.400 војници и цивили.
Тој вели дека е тажен поради високата цена што Израел ја платил и од сите што паднале во битка.
„Решен сум да вложам максимални напори за да ги вратам заложниците кај нивните семејства, тоа е моја најголема должност“, тврди тој.
„Сè што ќе се случи во следните 75 години во голема мера зависи од успехот на оваа битка“, заклучува Јоав Галант.