Со редовното консумирање праз може да ги намалите притисокот и холестеролот, да го сочувате здравјето на срцето и прочистите организмот. Но, тоа не е сè.
Древните Египќани и Римјани јаделе праз, а до денес е ценет како здрав и вкусен зеленчук. Околу 100 грама праз содржат 30 калории. Малата енергетска вредност, богатството од хранливи состојки, растителни влакна, полифеноли и сулфурни соединенија влијаат поволно на целокупното здравје.
Празот е одличен извор на витамин Ц, а најмногу го има во зелените лиснати делови. Во траги содржи калиум, бакар, железо, манган, кој може да помогне во ублажување на симптоми на предменструален синдром. Делува поволно и по здравјето на тироидната жлезда.
Празот влијае и на детоксикација на организмот, ги намалува воспалителните процеси. Алицинот од празот има антибактериско и антивирусно дејство и може да го намали нивото на холестерол во крвта, како и крвниот притисок.