ПМФЛ: Шкупи поразен во Струга

Фудбалерите на Струга ја зголемија предноста на четири бодови на врвот на табелата пред второпласираниот Шкупи откако попладнево триумфираа на домашен терен во нивниот меѓусебен дуел во рамки на 22 коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Домашни победи извојуваа и Шкендија над Работнички, како и Академија Пандев против Победа, додека Брегалница го совлада Силекс во Кратово, а Скопје и Македонија ЃП во градската пресметка поделија по бод.

ПМФЛ-22 коло:

Академија Пандев – Победа 3-0

Скопје – Македонија ЃП 1-1

Шкендија – Работнички 3-1

Силекс – Брегалница 1-2

Струга – Шкупи 2-1.

Табела: Струга 42, Шкупи 38, Шкендија 35, Силекс 32, Брегалница 29, Тиквеш 28, Македонија ЃП 25, Работнички 24, Академија Пандев 19, Скопје 14, Победа 13.