Навика на многу луѓе е денот да го почнат со шолја кафе, но факт е дека тоа не е баш најдобриот начин кога станува збор за здравјето, пишува Business Insider.
Една од причините зошто многу експерти препорачуваат замена на кафето со чај е негативното влијание на кафето на нашите заби и оралното здравје.
Нефилтрираното кафе, како еспресото, има најголем процент на корисни антиоксиданси, но во исто време внесува и најмногу лош холестерол во организмот. Исто така може да се зголеми ризикот од срцев удар и од мозочен удар.
Во екстремни случаи, може да предизвика епилептични напади. Толеранцијата на кофеин кај сите е различна, така што е важно да забележите како вашето тело реагира на тоа и се адаптира во склад со тоа.
Премногу кафе исто така може да значи премногу стимулација така што луѓето кои се пречувствителни на кофеин може да станат нервозни и раздразливи.