Зошто Хутите напаѓаат бродови во Црвеното Море?

Хутите нападнаа бродови во Црвеното Море како одговор на израелската војна против Газа.

Групата, која го поддржува Хамас, на 19 ноември вети дека ќе ги таргетира бродовите за кои верува дека одат кон и од Израел, пишува Телеграф.

Тие нападнаа неколку бродови во последните недели со беспилотни летала, ракети и во некои случаи користеа хеликоптери за „фрлање“ милитанти на комерцијални бродови.

Ова беше случај кога милитантите на групата го „заробија“ товарниот брод Галакси Лидер во ноември.

Британскиот воен брод HMS Diamond во вторникот собори седум беспилотни летала лансирани од борците на Хути во операција со американските сили.

Грант Шапс, секретарот за одбрана, рече дека беспилотните летала се упатиле кон разурнувачот Тип 45, распореден од ОК за да помогне во заштитата на бродовите во регионот, како и на трговските бродови.

Заедно со британскиот разурнувач, во мисијата учествуваа и американски воени авиони, кои оперираат од огромен носач на авиони, како и други американски воени бродови.

И неодамна, во четвртокот, војската на САД и Велика Британија започнаа напади врз повеќе цели во областите во Јемен контролирани од Хутите.