Главниот советник на сопственикот на Милан, Златан Ибрахимовиќ ќе има задача да го објави новиот тренер на тимот, пишуваат денеска италијанските медиуми.
Клубот соопшти дека во четврток напладне поранешниот напаѓач ќе одржи специјална прес-конференција, на која се очекува да биде објавено дека Пауло Фонсека ќе го наследи заминатиот Стефано Пиоли на тренерското место на „росонерите“.
На предметната прес-конференција нема да присуствуваат другите газди на миланскиот гигант, па единствено Ибрахимовиќ ќе има можност да одговара на прашања за новиот тренер.
Се верува дека договорот на Фонсека е на 2+1 година со плата од 2,5 милиони евра по сезона.