Ибрахимовиќ ѝ се понуди на унгарската репрезентација! Колку нудите!? Јас сум скап!

Златан Ибрахимовиќ на почетокот на јуни објави дека ја завршил својата активна играчка кариера.

Иако оттогаш помина повеќе од половина година, сепак многумина не веруваат дека тоа е неговата конечна одлука.

Таков сомнеж изрази унгарски новинар кој се сретна со популарниот Ибра на трката за Големата награда на САД во Лас Вегас.

Го интересираше дали Златан Ибрахимовиќ навистина ја завршил фудбалската кариера, а Швеѓанецот чие потекло е од Балканот даде уште една антологиска изјава, која секако ќе остане долго запаметена.

„Да, завршив. Зошто? Ви треба играч во Унгарија?“, праша Ибра.

Новинарот рече дека им треба напаѓач, на што познатиот фудбалер со мавтање со рацете објасни дека мислел на високи суми.

,,Јас не прашав, но колку нудите? Ако дознаеш, кажи ми. Јас сум скап. Не ми требаат пари, но скап сум”, заврши Златан Ибрахимовиќ во свој стил.