Првиот човек на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска изрази оптимизам дека скринингот со ЕУ ќе ги спречи партиските вработувања во институциите.
„Скринингот со ЕУ ќе ги расчисти партиските вработувања во администрацијата и ќе оди според квалификациите. Тој систем ќе ги спречи тие партиски вработувања.
Од таму ќе речат дека не може вака. Ако сакаме да бидеме во општеството на земјите каде што функционира владеењето на правото, мора и да ги усогласиме.
Фер конкуренција, избор на квалитетни луѓе кои ќе ги водат институциите“, рече Ивановска.