Ивановска: Тие што имаат сертификат од странство да полагаат во државата

Веќе неколку денови во јавноста главна тема е изборот на Бојан Христовски за директор на АНБ, кој е спорен поради неколку причини- неговата диплома за положен ТОЕФЛ од бугарското јазично студио Јулија, за кое нема информации дека издава сертификати, како и партиското членство во ВМРО-ДПМНЕ, каде што до лани беше претседател на градскиот комитет.

За да донесе одлука за професионалната иднина на Христовски, Мицкоски ја чека одлуката од ДКСК. Јавното обвинителство, пак, не отвори постапка оти ја чека антикорупциска да го направи тоа во „разумен рок“.

Поранешната претседателка на антикорупциската комисија, Билјана Ивановска за БИРН вели дека двете институции треба да постапуваат истовремено.

Додека таа раководеше со државната институција имале пријави за слични случаи. Нејзината препорака е сите кои на раководна позиција дошле со сертификат стекнат во странство да преполагаат во државата.